×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот во Куманово

    13.11.2015 09:45 | KumanovoNews

    Во Центарот за дијабетес во Куманово денеска со бесплатна акција за мерење на шеќер во крвта е одбележан 14 ноември-Светскиот ден на дијабетесот.

    Се одбележува Светскиот ден на дијабетесот во Куманово

    Акцијата ја организираше Здружението на дијабетичари од Куманово, и најавија дека веќе следната недела ќе има предавање за нивните членови. Претседателот Стефан Јовановски вели дека имаат регистрирани 6500 дијабетичари во градот, од кои 2000 се на инсулинска терапија.

    Оваа акција ни е традиционална. Основна работа за секој дијабетичар е што повеќе да се движи и да има среден живот. Тоа го викаме три осмици. Осум часа да работи, осум часа да седи или да се рекреира и осум часа да спие. Кога тоа ќе го средиме, кога ќе успееме да го спречиме стресот ако можеме, успешен ќе биде третманот и лекувањето на дијабетесот - изјави Јовановски.

    Околу педесет дијабетичари утрово го измерија шеќерот во крв. Велат дека се придржуваат до препораките од лекарите за грижа за своето здравје.

    Сега шеќерот ми е 7, а порано беше 12. Редовно учествувам на вакви акции. Одам на предавања, мерам шеќер редовно. Кога јадам повеќе шеќерот се покачува, а кога јадам помалку помал е шеќерот - рече Елка Стефановска, дијабетичар.

    Дијабетичарите оттука пеш се упатија до Спомен костурница, за да испратат порака дека движењето е многу важно за здравјето. Утре дел од кумановските дијабетичари ќе присуствуваат на прослава на Светскиот ден на дијабетичарите во Скопје.