Се оддржа „Техносаенс“ во Наце „Буѓони„
27.05.2014 08:24
| KumanovoNews
По повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методи во техничкото училиште „Наце Буѓони“ се оддржа “Техносаенс“.

Техничкиот саем го посетија осмооделенци од Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане кои подготвија трудови од повеќе области: биологија, информатика, програмирање, историја, хемија, географија и друго.
Гостите имаа можност да ги посетат училниците и кабинетите на училиштето, а во дворот средношколците поставија штандови на кои ги презентираа своите активности и изработки.