×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа 13 - та кумановска “Пивтијада“

    19.01.2015 15:40 | KumanovoNews

    Во ресторан “Грација“ денеска се одржа 13 - та по ред “Пивтијада“, што ја организира Мултимедијален центар “Карпино“ со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Куманово.

    Се одржа 13 - та кумановска “Пивтијада“

    Петнаесет жени се натпреваруваа во подготовка на пивтии, кои ги дегустираше и оценуваше стручно жири. Првата награда ја освои Дивна Видановака, втора беше Лила Божиновска, а трета Слободанка Димковска.

    Традиција е во Куманово уште пред повеќе од сто години за овој ден да се готват пивтии. Ние така тргнавме пред 13 години и направивме една убава манифестација. Оваа година имаме навистина убава забавна и музичка програма, освен примопредавање на кумството. Очекуваме добра забава, добро дружење, убави пивтии - изјави Зоран Павловски, претседател на “Карпино“.

    Кумови на манифестацијата се Ивица Костовски, советник во Советот на општина Куманово и Божо Стефановски, а новиот кум е адвокатот Христијан Георгиевски.

    Голема чест е да се биде кум на една ваква убава манифестација. Се подготвува храна, се собираме , се дружиме во духот на православието, во духот на добрососедските односи. Има прекрасна атмосфера. Имаме дожд, значи оваа година ќе биде бериќетна. Се надевам дека секоја наредна година ќе биде се подобра и подобра - рече Георгиевски.

    Домаќинките објаснија како се подготвуваат вкусни пивтии.

    Потребни се пет кила суво месо и седум килограми буткици. Прво се киснат 2-3 часа, а потоа се варат 7-8 часа. Се вадат коски, се става лукот и се сипуваат во чинија. На овој ден се јадат со пресно лепче. Пивтијата не ја прави месото, туку коските, сржта - рече Лила Божиновска, второнаградена за најдобра пивтија.

    Пивтиите од манифестацијата ќе бидат поделени на рибарите и на загрозени семејства.