Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На годишното собрание на Здружение на пензионери Куманово, денеска присуствуваа и двајца претставници на групата на незадоволни членови, кои бараа седницата да биде јавна.
Мирослав Цветковски добил можност и кратко да ги изнесе барањата на пензионерите кои ги застапува, по што незадоволен ја напушти седницата.
„Наместо да се дискутира за финансискиот извештај и плановите и програмите во секој огранок посебно, па подоцна да се усвојува заеднички, тие постапуваат обратно. Првин си донесуваат одлуки, па подоцна ни ги презентираат, доколку се одржат состаноци на ограноците. Така е веќе завршена работата, не ни се пружа можност во донесување на одлуките, и давање на наши предлози и мислење“, кажа Цветковски.
Најголема замерка на незадоволната група членови е нетранспарентното водење на собранието, по последната седница во февруари која не била отворено за јавноста, и на која не била дозволена дискусија на заинтересираните страни, кои не се делегати. Тие бараат и поблиско запознавање со финсискиот дел, организирање на нови избори, промена на статутот со кој во иднина функциите ќе се обавуваат волонтерски.
На редовното годишно собрание кое денеска се одржа во кружната сала на Комитет, по четиричасовна расправа беше донесен финасискиот план за 2025 година, како и програмите за работа на телата на здружението.
„Ги донесовме одлуките за функционирање на ЗПК според статутот и правилата, и тие се правосилни. Ќе се раководиме по усвоениот план и програма и продолжуваме со работа како и досега. Има незадоволство од мал број на членови на здружението, и нивни претставници имаа можност да ја следат седницата и да учествуваат на собранието“, изјави претседателот Ристо Бошков.
Од раководството тврдат дека работат транспарентно, имаат редовни состаноци во органоците, редовно се објавуваат информации на социјалните мрежи за правата на пензионерите како што се добивање на еднократна парична помош, попусти за бањско лекување и други можности и привилегии наменети за членството.