×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ликовна работилница за ученици од прво до петто одделение во Центарот за култура во Куманово

    09.06.2023 15:58 | Оливера Пешевска

    Цртежот „Срна“ на Јована Ангеловска, ученичка во петто одделение во основното училиште „Кочо Рацин“ е избран за најдобар цртеж на денешната детска работилница организирана од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. 

    Ликовна работилница за ученици од прво до петто одделение во Центарот за култура во Куманово

    На ликовната работилница која се организира по четврти пат, денеска твореа околу 150 ученици од трето, четврто и петто одделение од повеќето училишта во градот.

     „Мислам дека организациски успеавме. Децата работат, се трудат, цртаат и тврдам дека ваквите настани се значајни за ослободување на детската креативност и можноста да го изразат својот имагинарен свет.Темата е слободна, оставени се сами да одлучат на која тема и како ќе творат“, изјави директорот Сашо Тодоровски.

    Тој вели дека од искуството од минатите години учениците се инспирираат од нивната околина, природата, другарчињата, учителката.

    Учителката Николина Милевска, од ОУ „Кочо Рацин“ од Куманово на работилницата дојде со тројца ученици од петто одделение.

    „Децата што денеска учествуваа покажаа голема воља да бидат тука, но и порано искажуваа љубов кон сликањето.Работилницата е секако мотивација за награда, но можеби и како мотивација при изборот на нивната животна определба. Моите ученици нацртаа една срничка, потоа веројатно инспирирани од летниот распуст имаме плажа, море и залез на сонце .Секако дека сум задоволна од покажаното, но нивната радост ме прави уште посреќна“, истакна Милевска.

    Настанот е финасиран од Министерството за култура, дел е од редовната програма на Центарот за култура. Сите материјали и боички за цртање и сликање беа обезбедени од организаторите.