×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа трибина на ВМРО-ДПМНЕ

    12.12.2015 12:04 | KumanovoNews

    Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Куманoво одржа трибина на тема “На Македониja и треба твојата идеја“.

    Се одржа трибина на ВМРО-ДПМНЕ

    На трибината беше кажано дека досега партијата направила напори за да се подигне квалитетот на образованието и да се создаде поконкурентна работна сила.

    “Владата на Република Македонија од една средина каде имавме сериозен проблем со невработеноста се зафати да го решава ова многу порано. Да се добијат ефекти на ова поле не може да биде ниту брзо, лесно, безболно. Невработеноста е падната на рекордни 25,5 проценти што не е онаа слика која сакаме да ја постигнеме. Но, за да се падне на таа стапка се креираа 150.000 нови работни места, што за работната слика во Македонија е значајно“ - кажа  Елена Кузмановска, државен секретар во МНР.

    Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово рече дека градот стагнира поради деструктивни политики.

    “Има огромна разлика, неа најмногу ја гледаме ние младите во Куманово. Што направи градоначалникот за нас во Куманово, сите гледаме дека е пред нас едно големо ништо. Сведоци сме на деструктивно работење, неплански, неорганизирано, целиот град ни е дефокусиран за сите случувања во државата“- изјави тој.

    На трибината граѓаните беа охрабрени да ги користат сите поволности, мерки за вработување, субвенции кои државата ги нуди.