Се подготвува 14-та Пивтијада
Почнаа подготовките за 14-та по ред Пивтијада, гастрономска манифестација која ја организира Мултимедијален центар Карпино со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Куманово.

Пивтијадата ќе се одржи на 19 јануари во 12 часот во ресторан „Грација“. Досега се пријaвени петнаесетина учеснички кои ќе се натпреваруваат за најдобра пивтија, а сите заинтересирани можат кај организаторите да се најават за учество или на самиот ден да дојдат половина час пред почетокот на манифестацијата.
Ќе се прослави третиот по ред празник Богојавленије Водици. Сите кои мислат дека имаат добри пивтии, мислат дека можат да направат пивтија за натпреварување нека повелат во ресторан „Грација“. Пред 12 часот за да можат да наместат и да декорираат маса. Обезбедени се медали за секој учесник, златен, сребрен и бронзен. Има интерес и не е само во прашање пивтија. Пивтија е само еден начин како да го прославиме самиот празник. Традиционално години наназад за овој празник се јаде пивтија. Некои прават пред Нова година, за Водици и во февруари - изјави Зоран Павловски, претседател на Карпино.
На самата манифестација кумството ќе биде предадено од адвокатот Христијан Георгиевски на Драган Чунгурски. Ќе има културно-уметничка програма со децата од градинката „Ангел Шајче“ и КУД„Панче Пешев“.
Ги поканувам сите оние среќници кои за Водици Богојавление ќе фатат крст да повелат во ресторан „Грација“. Ги каниме на свечен ручек и скромни награди - додава Павловски.
Жири комисија ќе одлучи која од понудените пивтии е најдобра.