Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стихозбирката “Обденица“ наскоро треба да излезе од печат и да биде промовирана во пресрет на празникот на градот, 11 ноември.
“Обденица“ излегува веќе десет години и го обединува творештвото на повеќе кумановски поети.
Жанровски ќе има различни песни од пет автори. Фокусирани сме само на поезија. Ќе се промовира збирката во чест на ослободувањето на градот. Во збирката ќе има и текст за Виолета Деур, која беше наша почесна претседателка и ние одбележавме една година од нејзината смрт. Бројката на поети варира, но можам да кажам членството е многубројно - рече Зора Ивановска, претседател на литературен клуб “Обденица“.
Таа вели дека често организираат клубски вечери, читаат поезија, разменуваат искуства за да биде творештвото поквалитетно.