Се поднесуваат барања за субвенции за млеко
29.10.2013 08:23
| KumanovoNews
Производителите на млеко до 5 ноември ќе треба во подрачната единица на Министерството за земјоделство да поднесат барања за добивање на субвенции за млекото предадено од 1 мај до 30 септември годинава.

Државата фармерите ги субвенционира со исплата на 3,5 денари по литар млеко. Сточарите кои живеат во села со надморска височина од над 700 метри или во села со помалку од 100 жители добиваат плус 15 отсто.
Годинава се очекува да аплицираат околу 1300 кумановски фармери, за разлика од пред неколку години кога субвенции за млеко земаа 1600 сточари.