Се помалку граѓани активно бараат работа
06.08.2014 12:51
| KumanovoNews
Секој месец се намалува бројот на кумановци кои активно бараат работа.

Според статистиката на Агенцијата за вработување, на крајот на јуни 7349 граѓани биле пријавени како активни баратели на работа. Еден месец претходно нивниот број изнесувал 7471, а во април се регистрирани 7513 баратели на работа. На крајот на март годинава состојбата е 7582 невработени.
Бројките покажуваат дека најголем процент од невработените се луѓе кои живеат во урбана средина.