Се поставува кровот на спортската сала во Техничкото училиште „Наце Буѓони“
Започна поставувањето на кровната конструкција на спортската сала на средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.

Средствата за изградба на салата во висина од 27 милиони денари ги обезбеди Владата, а Општина Куманово потроши околу 2 милиони денари.
- После шеесет години средно техничкото училиште "Наце Буѓони" во Куманово ќе добие нова училишна спортска сала благодарејќи на МОН и општината. Во тек е монтажа на покривната конструкција на објектот, - објави градоначалникот Максим Димитриевски.
Општината учествуваше со приклучок на канализација, вода и електрична енергија. Општината одвои некаде околу 2 милиони денари за овој проект.
По завршување на градежните работи ќе се пристапи со уредување на внатрешноста на објектот. Спортската сала ќе се стави во функција наредната учебна година.
Техничкото училиште „Наце Буѓони“ постои од 1960 година. Наставата се одвива во 72 паралелки. Немањето на спортска сала е голем недостаток за изведување на наставата по физичко и здравствено воспитување.