Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На патарината на излезот од Куманово, денеска беше забележан невиден застој, и колони од возила кои чекаа и до еден час, за да ја преминат патарината близу село Романовце.
Во неколку километри долгите редици, денеска беше целосно блокиран коридорот 10, а патниците беа видно вознемирени од големите гужви и високите температури.
Од Јавното претпријатие за државни патишта известија дека има голема навалица на странски туристи кои патуваат за Грција, и иако сите три рампи се во функција гужвите се неизбежни.
Зголемен е само интензитетот на сообраќајот. Максимално работат сите можни кабини и навистина не можеме ништо повеќе да направиме. Има зголемен сообраќај особено на странски државјани - изјави помошник директор на ЈП Државни патишта Роберто Тошевски.
Тој негира дека засојот настанал поради немање на ситни евра за враќање на странските туристи, туку кусурот се враќа во денари.
Според последните информации гужвите на патарината се намалени.