Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управната служба на СВР Куманово и подрачната единица на Македонски шуми подружница Куманово до нова година ќе се вселат во реновираните простории во Домот на АРМ. Во тек е реновирањето на запуштениот објект.
Започнаа реконструкцијата на поранешниот Дом на АРМ. Веќе дваесетина дена се чисти натрпаниот смет, се вади старата водоводна и електрична инсталација, се отстранува малтерот и се создаваат услови за отпочнување на градежните работи. Според луѓето кои се вклучени во реновирењето, проектот предвидува преуредување на внатрешните простории, менување на вратите и прозорците, реконструкција на фасадата и правка на кровот.
Средстватата за реновирањето ги обезбеди Владата, а работите ги изведува фирма од Кочани. Нови сопственици во некогашниот ДОМ на АРМ ќе бидат Управните служби на СВР Куманово, каде ќе се издаваат лични документи и патни исправи и подрачната единица на Македонски шуми во Куманово.
Ние добивме известување од централата во Скопје дека нашите служби ќе се преселат на првиот кат во некогашниот Дом на АРМ, откако ќе заврши реновирњето, некаде по нова година -изјави Ваит Саити директор на Шумско стопанство.
Реконструкцијата е предвидено да трае 3-4 месеци, по што новите сопственици ќе се вселат во преуредените простории.
Некогашниот Дом на АРМ, по повлекување на војската пред 5-6 години беше доделен на Министерството за земјоделство и Архивот на Република Македонија. Бидејќи објектот не беше веднаш преземен и остана без заштита, стана цел на крадци, бездомници и зависници на дрога, па од некогашен репрезентативен објект се претвори во руина на влезот во градот.