×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реновира зградата на “Браќа“ и “Крсте“

    12.06.2014 12:43 | KumanovoNews

    Со 200.000 евра грант од Централна европска банка се реновира зградата каде што се сместени основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Крсте Мисирков.

    Се реновира зградата на “Браќа“ и “Крсте“

    Во тек се градежните работи на фасадата, замена на внатрешна и надворешна столарија и се реновира покривот на  училишната зграда. Се очекува реновирањето да заврши до крајот на јули со што двете училишта ќе добијат  подобри услови за изведување на настава.

     Последен пат оваа зграда е реновирана во 1977 година. Се надевам дека овој објект ќе биде гордост на нашиот град. Фасадата ќе остане со првобитниот изглед во договор со Министерството за образование. За 40 дена би требало сите работи во основните училишта “Крсте Мисирков“ и “Браќа Миладиновци“ да завршат и учебната 2014/2015 година да ја почнеме со нов изглед  - изјави Марина Манојловска, директорка на “Браќа Миладиновци“.

    Двете училишта се едни од најголемите во градот според бројот на ученици и во нив се образуваат околу 2500 деца.

     Во процесот на децентрализацијата многу е направено, но се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме да работиме и да го осовременуваме ова училиште - рече Александар Саздевски, директор на “Крсте Мисирков“.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски го поздрави реновирањето и потенцираше дека се работи за најстар училишен објект во градот, кој е многу значаен и препознатлив за Куманово.

     Ова е еден од најстарите обејкти кој функционира по ослободувањето од 1946 година па наваму. Тоа е еден репрезентативен објект, значаен за образовниот циклус. Работите се почнати пред десетина дена, а рокот е 40 дена. Се надеваме дека ќе биде навреме завршен и ја користам приликата преку медиумите да ги замолам граѓаните, особено помладите генерации да ја сочуваат фасадата бидејќи многу често знаеме дека новите фасади може со графити да бидат нагрдени - рече Дамјановски.

    Во меѓувреме двете училишта аплицирале за добивање на грант од Фондација отворено општество Македонија.