×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се реновираат неколку цркви во Куманово

    08.08.2014 08:52 | KumanovoNews

    Се реновираат санитарни јазли, покриви, помошни простории и фасади на повеќе цркви во Куманово.

    Се реновираат неколку цркви во Куманово

    Во Кумановско - осоговска епархија, информираат дека реновирањето на стара црква е завршено, а во тек е доградба на “Св. Архангел Михаил“ во Карпош, уредување на просториите за состаноци во “Св.Троица“ како и внатрешниот дел на “Св.Петка“ во Бедиње.

       Стара црква е центар и нормално беше прво таа да се среди. Црквата “Св.Петка“ во Бедиње се средува и од внатре и од надвор за да добие нов сјај. Се работи на испуканите делови и на фасадата. Во “Св. Архангел Михаил“ надворешниот дел е готов, ставени се прозорци и камбани. Парите на епархијата се пари на народот, црквата е народот. Она што тие ни го даваат на располагање, на стопанисување ние само наоѓаме добра примена онаму каде што треба. Се трудиме да бидеме добри домаќини, народот кога ќе дојде да се чувствува пријатно на празник - вели Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско - осоговска епархија.

    Реновирањето се реализира со пари од Кумановско - осоговска епархија.