×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се сечат старите дрвја во Градскиот парк

    12.12.2014 09:19 | KumanovoNews

    Се сечат старите и исушени дрвја во Стариот градски парк, кои претставуваат опасност за минувачите. Исечени се над стотина дрва, тополи и багреми.

    Се сечат старите дрвја во Градскиот парк

    “Остануваат уште триесетина стари дрвја кои треба да се исечат. Истовремено се врши бележење на останатите дрвја кои се покрај речното корито. Целокупната дрвна маса се носи во Шумско стопанство кое врши продажба на истата, затоа што шумите се сопственост на Република Македонија“- вели Вера Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.

     Одлуката за отстранување на старите дрвја во паркот беше донесена на Советот на општината Куманово, откако пред неколку месеци во невремето што го зафати градот повеќе дрвја паднаа и направија штета. Акцијата ја спроведува  Шумско стопанство во соработка со општина Куманово.

    Откако сечата на стари дрвја ќе заврши, во паркот ќе бидат засадени нови садници.