Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Етнологот Анита Ѓорѓиоска, снима нов етнолошки документарен филм “Последна карта„, во кој се зборува за невестите од Албанија кои се мажат во кумановските села.
Првиот дел од филмот е снимен во селата Довезенце, Алгуња, Бељаковце и Старо Нагоричане, каде има голем број невести омажени за Македонци.
На моја голема среќа во снимањето наидов баш кога таткото, невестата и стројникот беа дојдени од Албанија за да дадат збор. Во декември ќе одиме во Албанија каде што ќе биде свадбата направена, ќе се изврши прстенувањето. Филмот носи наслов “Последна карта“ и има симболика во смисла последна шанса што ја фаќаaт во животот.- изјави Ѓорѓиоска.
Таа објаснува дека во Албанија мажите се на печалба и тамошните девојки тешко наоѓаат партнер, па затоа се мажат во побогатите козјачки села.
“Последна карта“ ќе биде завршен во декември, а пред јавноста ќе биде прикажан следната година. Филмот е поддржан од Министерството за култура.