×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се средува Зебарњак за прославата во недела

    21.10.2015 14:44 | KumanovoNews

    Се средува и расчистува делот кај споменикот Зебарњак за прославата на јубилејот од Кумановска битка, која ќе се одржи во недела, информираат од јавното комунално претпријатије “Козјак“ од општина Старо Нагоричане.

    Се средува Зебарњак за прославата во недела

    Од “Козјак“ велат дека покрај редовните активности, се должни да ги чистат и оддржуваат културно-историските споменици во општината.

    “Сега е актуелно расчистувањето на споменикот Зебарњак бидејќи секоја година на 25 октомври се собираме таму. Редовно се чисти и околу црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, како и плоштадите во селата Младо Нагоричане и Старо Нагоричане. Одржувањето подразбира косење на трева, собирање на смет, кастрење на дрвја“ - вели Борко Соколовиќ, директор на “Козјак“.

    Соколовиќ вели дека во наредниот период планираат да набават нови алати и опрема за собирање на смет, зависно од финансиските можности.