Се тепале обезбедувачи на ноќен бар со гости
28.01.2016 10:45
| KumanovoNews
Обезбедувачи на ноќен бар не пуштиле неколку гости да влезат, по што настанала тепачка.

С.М.(38), Б.Т.(32), М.Б.(31) сите од Куманово, вработени во Агенција за обезбедување при крајот на декември лани обезбедувале ноќен бар во градот, при што во 10 минути по полноќ не ги пуштиле да влезат В.Ј.(40), З.С.(44), А.А.(39) и З.С.(41) сите од Куманово. По ова прво почнале да се караат, а потоа дошло до тепачка во која обезбедувачите им нанеле повреди на З.С. и В.Ј.
Насилниците ќе одговараат за сторено кривично дело насилство.