×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се запали автомобил во центарот на градот

    28.01.2016 13:07 | KumanovoNews

    Автомобил марка Поло со кумановски таблички денеска околу 12.45 часот, се запали на улицата Гоце Делчев во центарот на Куманово.

    Се запали автомобил во центарот на градот

     Причина за пожарот најверојатно е електрична инсталација. Очевидци велат дека возачот се обидел сам да го изгасне огнот, па откако не успеал побарал помош. Брзо пристигнале пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово и го изгаснале пожарот.

    И овој пат затаи солидарноста на кумановци, кои се оглушиа на повикот на нивниот сограѓанин да му помогнат во справување со огнот.

    Оштетен  е предниот дел на автомобилот, а повредени нема. Причините како дошло до палењето на возилото  допрва ќе се утврдуваат.