×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се запали возило на Брза помош во Куманово при транспорт на пациент од Скопје

    29.08.2023 23:16 | Оливера Пешевска

    Возило на Брза помош, на Здравствен дом Куманово, се запали претпладнево на улицата „Тоде Мендол“ додека се враќало со пациент од Скопје. Возачот и пациентот не се повредени.

    Се запали возило на Брза помош во Куманово при транспорт на пациент од Скопје

    „Во 11.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“  во Куманово настанал пожар во движење во патничко моторно возило за специјализирана намена, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и возачот, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.

    Од Здравствениот дом Куманово велат дека не се познати причините, поради кои дошло до несреќата.
     
    „Тие допрва ќе се утврдуваат. За среќа, неповредени во инцидентот се и возачот и лицето кое било превезувано, веднаш штом бил забележан чад тие го напуштиле амбулантното возило. На помош притрчале лица-очевидци но интервенирала и екипа на ТППЕ Куманово“, изјави директорот на Здравствен дом Куманово Фарук Алити.

    Брзата помош поседува 4 амбулантни возила, од кои 3 во моментов се во функција. 
    Најновото возило е набавено во 2021 година, другите се стари од 12-13 години, но се доста амортизирани поради секојдневната употреба. Сепак, возилата редовно се сервисираат и одржуваат, во добра возна состојба се и служат на намената.

    Здравствен дом Куманово,покрај за свои потреби врши превоз и на пациенти за потребите на Општа Болница Куманово и Здравствениот дом Липково. Дава и приватна услуга на пациенти за транспорт до здравствена установа или институција надвор од кумановскиот округ.  Оваа услуга чини 2.750 денари, за превоз во двата правци.

    (фото: архива Kумановоњуз)