Се запалила скара во објект на „Тоде Мендол“
26.12.2015 11:18
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден се запалила скара во објект на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово.

Територијалната противпожарна единица Куманово го гаснела огнот во периодот од 12.30 до 12.50 часот. Во интервенцијата учествувале со едно возило и 4 пожарникари, а во пожарот не е предизвикана поголема материјална штета.