Се зголемува бројот на туристи кои го посетуваат регионот
Во период од 2010 до 2014 година има зголемување на бројот на туристи кои го посетиле североисточниот регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ако во 2010 година нашиот регион го посетиле 3098 туристи, во 2014 година бројот на туристи изнесува 6937. Бројот на странски туристи е поголем односно 4234 странци го посетиле регионот, а домашни туристи имало 2703 во 2014 година. Реализирани се 10.671 ноќевање, а од нив 4465 отпаѓаат на домашни и 6206 на странски туристи.
Куманово не е најубав град во Mакедонија, но когa остануваме повеќе време тука градот има шарм. Има убави пејзажи, убави цркви кои се различни од нашите и џамиите се многу убави. Кратово и Крива Паланка не сум ги посетил - вели Камил Лакав, Французин кој престојува во Куманово.
Во нашиот регион има 298 капацитети за сместување, што е неколкупати помалку во однос на другите региони во државата.