Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Младинскиот културен центар „Козјак“ утре во 19 часот, ќе се одржи дебата како дел од проектот “Визијата за Македонија“.
Темата е “Како до подобар живот на младите“, а со младите ќе дебатира потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и други луѓе од високото партиско раководство како Стефан Богоев, Дарко Давитковски, Петар Атанасов, Маринела Тушева, Цветанка Ласкова и Максим Димитриевски.. Раководството на партијата досега посети повеќе градови во земјава каде се разговараше на различни теми почнувајќи од загадување, образование па се до плати и евроатлантски интеграции.