×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седумдесетина граѓани се скршиле паѓајќи на мраз

    13.01.2015 11:44 | KumanovoNews

    Шеесет и осум кумановци, од почетокот на годината, се здобиле со скршеници по телото откако паднале на замрзнатите улици и тротоари во градот.

    Седумдесетина граѓани се скршиле паѓајќи на мраз

     Тоа значи дека дневно по 7 граѓани паѓале на ледот, при што сериозно се повредувале. Сите, добиле лекарска помош на хируршкото одделение во Општа болница Куманово, дел се оперирани, а неколкумина се испратени на лекување во Скопје.“

    Само за десет дена, од вкупниот број 68 повредени, 42 се скршеници на раце, 15 на потколеници, 5 скршеници на колк и останатите се на други делови од телото. Од пациентите седум се оперирани кај нас, а петмина се испратени во Скопје,“ - велат од хируршкото одделение.

    Повредените се главно повозрасни луѓе, кои имаат од 50 до 60 години.Некои од нив поминале со полесни повреди, но повеќето имаат сериозни фрактури од паѓањето на мраз.  Младите многу поретко се јавувале со вакви повреди.