Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Седум лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчера напладне се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во атарот на Младо Нагоричане.
Сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот, а во неа учествувале четири возила.
„На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. од Крива Паланка, „бмв“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П. од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А.К“, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Поради сообраќајката вчера беше во прекин сообраќајот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, а потоа се одвиваше наизменично по една коловозна лента.