Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општината Куманово утре ќе одржи редовна седница. Според најавите на дел од советниците се очекува жестока седница со бурна расправа по одредени точки на дневниот ред.
Дневен ред
1. Предлог Одлука за снимање на седниците на Советот на Општина Куманово и нивно интегрално иметување на локални телевизии;
2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈП ‘‘Куманово – гас‘‘ – Куманово за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство;
3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Куманово – гас‘‘– Куманово од 01.01.2012 до 31.03.2012 година;
4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово од 01.01.2012 – 31.03.2012 година;
5. Финансиски извештај за работа на ЈП ‘‘Куманово – паркинг‘‘ - Куманово за период 01.01-31.03.2012 година;
6. Годишен извештај на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
7. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточниот плански регион 2009 – 2014, за 2011 година;
8. Годишен финансиски извештај за работа на Центарот за развој на Североисточниот плански регион во 2011 година;
9. Извештај за реализација на Програмата за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2011 – та година;
10. Предлог – Програма за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово за 2012 – та година;
11. Предлог – Одлука за работна посета на членовите на Советот на Општината Куманово и Општинската администрација на Општината Куманово;
12. Предлог – Програма за локален економски развој и ИТ на Општина Куманово за 2012 година;
13. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2011 година;
14. Предлог – Оперативна програма за културни манифестации во Општина Куманово за III квартал од 2012 година;
15. Предлог – правилник за утврдување на критериуми за субвенционирање во исклучителни случаеви на трошоци за комунални услуги;
16. Предлог – Одлука за купување на игралиште за зимски спортови;
17. Предлог – Одлука за давање на времено користење на дел од објектот Караула ‘‘Длабочица‘‘;
18. Предлог – Одлука за утврдување на висина на надоместок за покривање на трошоците за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово;
19. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Бајрам Шабани", дел од Урбан блок 55, Плански опфат меѓу ул. "Славиша Вајнер", ул."Иван Mилутиновиќ", крак на ул. "Бајрам Шабани" и ул. "Бајрам Шабани" – Општина Куманово;
20. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", дел од Урбан блок 64-и, Плански опфат меѓу ул. "Гоце Делчев", бул."Трета МУБ", крак на ул. "Х.Т.Карпош", ул."Вардарска" и ул. "Трст" – Општина Куманово
21. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Трета МУБ", дел од Урбан блок 49, Плански опфат меѓу ул. "Перо Шварц", ул."Миле Кипра", ул. "Власто Радоњанин" и ул. "Нада Михјалова" – Општина Куманово
22. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Генерален Урбанистички план за дополнување на примарна сообраќајна мрежа, зони на планирани бензиски пумпни станици за точење на течно гориво – Општина Куманово;
23. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. ‘‘11-ти Ноември‘‘, Урбан блок 67-а, Плански опфат меѓу ул. ‘‘11-ти Ноември“, ул.‘‘Србо Томовиќ“, ул. ‘‘Осоговска“, ул. ‘‘Крушевска Република“ и граница на наменска зона- Општина Куманово;
24. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ ‘‘Стари Лозја‘‘, дел од Урбан блок 11, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Доне Божинов“, ул. ‘‘100“, ул. ‘‘200“, граница на наменска зона и крак на ул. ‘‘Доне Божинов“ – Општина Куманово;
25. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. ‘‘Тоде Мендол‘‘, дел од Урбан блок 59, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Тоде Мендол‘‘, ул. ‘‘2002‘‘, ул. ‘‘Новопланирана‘‘ и ул. ‘‘2001‘‘ – Општина Куманово;
26. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за една парцела за КП 14497 г.п 21 за дел од МЗ 11 – ти Ноември, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Пролетерски Бригади‘‘ и ул. ‘‘Црнотравска‘‘ – Општина Куманово;
27. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2012 година