×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шекеринска: Само единствени и обединети ќе ја срушиме власта

    27.11.2014 10:17 | KumanovoNews

    Оваа држава не смее да биде држава на неправда и насилство. Затоа сме вечерва во Куманово да покажеме дека ние сме спремни да свртиме нова страница.

    Шекеринска: Само единствени и обединети ќе ја срушиме власта

    Единствен начин да покажеме дека во Македонија има доволно сила, доволно енергија и доволно желба за промени, тие промени ќе ги почнеме од нашиот двор. Кај нас е клучот како да се спротивставиме на ваквата Македонија,- рече потпредседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на синоќешната трибина во Куманово.

     Таа порача дека опозицијата нема да врати во Парламентот се додека власта не прифати да се дискутира за сите проблеми што ја мачат државата и граѓаните, а пред се за независните медиуми, независно судство, попис на населението, техничка влада, избирачки списоци.

    Шест месеци власта смееташе дека опозицијата ќе потклекне.Ја лажеа и манипулираа јавноста преку нивните медиумски мегафони дека кога ќе дојде септември СДСМ и коалицијата како попчиња ќе се вратат во Парламентот. Дојде и помина септември, но нашите пратеници покажаа дека стојат на зборот.  Одлуката не беше ни лесна ни популарна, но беше вистинска, исправна и искрена. Нашето отсуство од Парламетот не e поради инает, тоа е наш цврст став дека на позициите на власта можеме да се спротивставиме само ако сме обединети и единствени, - продолжи Шекеринска.

     На трибината во Центарот за култура, пред присутните членови и симпатизери на опозицијата говореа и лидерот на ЛДП Андреј Жерновски, секретарот на СДСМ Оливер Спасовски, пратениците Љубиша Николиќ и Соња Мираковска, градоначалникот Зоран Дамјановски, претседателот на општинската организација Мартин Костовски и членот на централниот одбор Максим Димитриевски.