×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Секторот за урбанизам не го прекршил Законот за градба тврдат од Општината

    03.02.2016 14:47 | KumanovoNews

    Од општина Куманово денеска на прес конференција ги демантираа информациите дека секторот за урбанизам работел некаконски, откако против двајца вработени беа поднесени кривични пријави.

    Секторот за урбанизам не го прекршил Законот за градба тврдат од Општината

    Раководителката на секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска се товари за несовесно работење во службата, а против  градежниот инженер Перо Арсовски е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување. Според информациите од полицискиот билтен, во 2011 година Арсовски на тројца инвеститори им овозможил во најкраток рок да добијат одобрение за градење и свесно направил пропусти во делот на известување на три непосредни соседи, кои требало да извршат увид во проектот, а Спасовска го потпишала и одобрила одобрението на штета на соседите.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски вели дека се работи за конструкции и невистини.

    Не е прв пат институциите да се користат во пропагандистички, популистички цели, пред или во предвечерието на изборите да се прават некакви афери за да се фрли анатема  на локалната самоуправа, се со цел да се добијат некакви поени. Ова ќе го поткрепиме со докази, меѓутоа не сакаме да водиме паралелен процес истражен, меѓутоа објавување на ваква информација без поткрепа и можност да се даде демант во јавноста, мислам дека не сме на правиот пат за информирање  на граѓаните што е наша цел  - рече Дамјановски.

    За конкретниот случај рече дека се запазени сите процедури од Деталниот урбанистички план, известени се инволвираните во процесот, имале увид во предметите, имале известување по увидот. Дамјановски вели дека вработените во секторот за урбанизам  не ги пречекориле своите надлежности.

    Ланг Спасовска објасни дека одобрение е издадено на 23 ноември 2011 година за колективен станбен објект и одобрението е дадено согласно ДУП. Подносителите на кривичната пријава покренале иницијатива за утврдување на уставноста на ДУП, која од Уставен суд е одбиена како неоснована.

    Од страна на секторот не е направена ниту една грешка во самата процедура за одобрение за градење. Наводите на подносителот во самата кривична пријава токму се однесуваат дека не бил известен од страна на референтот за да направи увид во самата техничка документација при давање на одобрение за градба. Ние согласно Закон за градба сме должни откако ќе го потпишеме одобрението да ги известиме непосредните соседи, и тие имаат определен законски рок во кој можат да изјават жалба и да се процесуира до второстепените органи, кои се надлежни да ја утврдат законитоста и точноста на одредена постапка - кажа Ланг Спасовска.

    Подносителот на кривичната пријава тврдат дека два пати е известен, извршил увид во документацијата и доставил забелешки во писмена форма и истите се однесувале на урбанистички параметри. Откако повторно бил повикан од службата не се јавил, по што референтот издал штембил за одобрение за градба.