×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семафорите за пешаци скршени или не работат, надлежните никако да ги заменат 

    19.09.2023 07:58 | Оливера Пешевска

    На повеќе крстосници во Куманово семафорите за пешаци со месеци се целосно или делумно оштетени, па ја немаат функцијата за која се поставени, и ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот. 

    Семафорите за пешаци скршени или не работат, надлежните никако да ги заменат 

    Најопасно е на раскрсниците каде семафорите се целосно откорнати и воопшто ги нема, а фрекфенцијата на сообраќај е најголема: на булеварот Трета МУБ со Народна Револуција, кај Зелениот пазар, на Октомвриска Револуција, кај зеленото пазарче и на други места, поради што пешаците во страв ја поминуваат улицата.

    Граѓаните реагираат дека на дел од семафорите не работата и светлата, ваквата ситуација го отежнува и успорува сообраќајот. Тие забележуваат дека на некои места на раскрсниците стоеле незаштитени електрични кабли.

    „Стоиш и не знаеш дали е црвено или зелено. Постои опасност да те удрат, соберат, едноставно да те однесат, објаснува Сашо Ѓ., сограѓанин кој реагираше до нашата редакција.

    Веќе подолго време го нема семафорот за пешаци и на раскрсницата кај Туш, иако ова е една од најпрометните крстосници, а воедно и црна точка каде  пребрзо се вози.

    Од Општина Куманово велат дека тие редовно вршат надзор на сообраќајната сигнализација и по потреба интеревенираат.

    „Општината има сообраќајни инженери, кои редовно прават надзор и аларамираат каде и што треба да се сервисира, поправи или замени“, истакнуваат од комуналното одделение на Општина Куманово.

    Сепак, нема информации кога ќе бидат поставени нови семафори на местата на кои се отстранети или оштетени.

    Граѓаните се жалат и поради тоа што на речиси сите семафори во градот истовремено се пали зеленото светло за пешаци и за возилата кои вртат лево или десно на соседните улици, па така пешаците немаат простор за слободно поминување. Возачите најчесто не го почитуваат првенството на минување и ја загрозуваат нивната безбедност додека се на коловозот. Оваа појава е особено опасна за децата и учениците, кои потешко можат да проценат дали некој од возачите ќе застане или ќе ја зголеми брзината за побрзо да ја помине  раскрсницата. Граѓаните бараат сигнализацијата да го регулира сообраќајот подеднакво за сите учесници.