Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска и утре ќе одржи четвртиот Семинар за традиционална музика и игра „Глобалното кај локалното“ во Кумановско.
Организатор на настанот е Дени Синадиновски, етнокореолог кој по 4 ти пат работи на популаризација на народните песни, инструменти и пеења, традиционалните игри и ора.
Семинарот е поделен на два работни дела, првиот е теоретски дел на кој ќе се дебатира на различни теми.
„Ќе говориме за ората „Ситна лиса“ и „Поступано“, карактеристични за северните подрачја на Македонија, но ќе разговараме и за народните игри од другите 4 играорни подрачја во државата. На семинарот ќе работиме и на теми од етнологијата и етномузикологијата“, истакна Синадиновски.
За западниот дел од Македонија ќе биде презентирано „Тешкото“, за источниот „Копачка“, за јужниот „Беранче“. Во делот за етномузикологија ќе се презентира гајдата, интрумент карактеристичен за брсјачката етнографска целина и групата „Костурчанки“, кои изведуваа песни од Егејска Македонија. Опфатен е и етнолошкиот дел од традицијата- обредот „40“ од Штип и „мартинки“, под заштита на УНЕСКО се на програмата на семинарот.
Утре ќе се изведува практичниот дел од семинарот кога ќе бидат изведени веќе спомнатите ора, но и ќе се прикаже начинот како обредите се поставуваат на сцената.
На манифестацијата ќе гостуваат Бојан Петковски, С. Спасова, Дијана Анастовска, Ј. Спасов, Виктор Крстевски.
Семинарот е во организација на Центарот за култура - Куманово, поддржан е од Министерството за култура и туризам, а ќе се одржи на 8 и 9 април од 18:00 часот, во фоајето и големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.