Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Балканската ѕвезда Северина ќе пее на Градскиот плоштад во Крива Паланка на 28 август, по повод празникот „Свети Јоаким Осоговски“.
„По повод патрониот празник на Крива Паланка „Свети Јоаким Осоговски“, Општина Крива Паланка традиционално организира концерт со позната музичка ѕвезда од регионот. Годинава, изборот е хрватската пејачка Северина за која постои голем интерес кај публиката“, откри градоначалникот Сашко Митовски, за Кумановоњуз.
Програмата по повод прославата на „Св. Јоаким Осоговски“ започнува на 22 август и ќе трае до 29 август.
Во тој период ќе се одржат повеќе манфестации меѓу кои: „Шопско село“ - фолклорен и фестивал на храна, фестивалот „Џојфест“ со настап на музичките групи Conquering Lion и Суперхикс, Кисити и Калиопи, концерт на патриотски песни „Македонијо во срце те носиме“ со македонски пејачи: Миле Кузмановски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Мина Блажев и Марија Спасовска, а програмата ќе се заокружи со големиот концерт на хрватската пејачка Северина.
Минатата година за денот на градот пееше легендата Здраво Чолиќ. Крива Паланка се наметна со богата музичка и културна програма во регионот, па на секој настан има голем број на посетители од Куманово.
Крива Паланка оваа година е прогласена за град на културата.
(фото.архива Кумановоњуз - пред десетина година Северина пееше за Нова година на градскиот плоштад во Куманово)