×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Североисточниот регион ќе го гори отпадот

    19.03.2014 15:13 | KumanovoNews

    Североисточниот и Источниот регион се лидери во земјава во справувањето со отпадот и први ќе добијат план за управување со отпад.

    Североисточниот регион ќе го гори отпадот

    Во Скопје вчера се оддржа презентација на која експерти објаснија неколку начини за справување со отпадот.

    Презентацијата беше навистина детална и интересна. Постојат повеќе опции, повеќе можности. Беа презентирани 4 сценарија, во сите се содржи санитарна регионална депонија, а зависно од експертската анализа од одлуката на нашите политички авторитети, поточно градоначалниците од Североисточниот регион, ќе се одлучи што е најадекватно, економски најисплатливо за справување со отпадот. Можно е да се направи некаква современа фабрика за преработка на отпад. Ние веќе имаме изработено студија со една друга консултантска куќа која ни препорачува овдека да се изгради и отпадот да го третираме преку спалување - вели Атина Мургашанска од регионален одбор за управување со отпад.

    Решавањето на проблемот со сметот е скапа инвестиција и за таа цел регионот ќе аплицира за добивање на средства од ИПА фондовите.