Сиријка се породи во Општа болница Куманово
Триесет годишна Сиријка од градот Алепо, денеска се породи на гинеколошко-акушерското одделение во Општа болница Куманово.

Со возило на Брзата помош утрово во 8.20 часот е донесена во болницата од Прифатниот центар на Табановце.
Ја однесовме во родилна сала, се породи во 8.45 часот. Роди живо женско дете 2.900 грама. Бебето е добро, жената е добра. Потоа баравме информација затоа што немаше никаков документ за идентификација. Дојдоа од Црвен Крст ни донесоа информација која е, што е, за да ја запишеме и се вратија по еден час и донесоа работи за пациентката , за мајката и за бебето. Жената има пет живородени деца, ова и е шесто. Раѓањето помина добро. Мислам дека е задоволна и ние сме задоволни од неа - вели Наиле Османи, гинеколог.
Сиријката веднаш по породувањето сакала да стане и да си оди, но ќе мора барем еден ден да остане во болницата, а потоа заедно со сопругот и петте деца од Табановце ќе продолжи кон Европа.