Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружение на жени “Сирма“ не се согласува со предлогот на Министерството за труд и социјална политика, породилното боледување да биде продолжено од 9 на 12 месеци, при што последните 3 месеци ќе бидат неплатени.
Претседателката Татјана Крстевска вели дека оваа мерка многу ретко ќе се користи и нема да ги поттикне жените повеќе да раѓаат.
Ова ќе им користи само на оние кои се материјално добро обезбедени. Во пракса се покажа дека голем број на жени земаат боледување и по 9 месеци, но тоа досега им беше платено. Немаат сите баби и услови да ги праќаат децата во градинка кои и така веќе имаат поголем број на деца запишано отколку што им се можностите. Жените пак кои градат кариера многу порано ги оставаат дечињата и тргнуваат на работа за да бидат во тек со сите случувања - вели Крстевска.
Таа дообјаснува дека во развиените европски земји и мажите користат породилно отсуство, но кај нас тоа е само на хартија или во поединечни случаи.
На ниво на држава женските невладини организации дискутирале на оваа тема и сметаат дека тие три месеци треба да бидат платени.