Скопјанка со туѓа книшка се лекувала во Кумановската болница
31.07.2013 10:02
| KumanovoNews
Девојка од Скопје во април годинава се лекувала во Медицински центар Куманово со туѓа здравствена книшка.

С.Д.(20) од Скопје бидејќи немала здравствено осигурување во Кумановската болница приложила здравствена книшка на нејзина роднина, која била осигуреник во Фондот за здравство за да не плати за преглед и терапија.
Кумановската полиција против неа поднесе кривична пријава за злоупотреба на лични податоци.