Скоро 7000 невработени во Куманово
07.03.2014 16:05
| KumanovoNews
Во Куманово во јануари годинава имало 6835 невработени, кои активно бараат работа, покажуваа податоците од Државната агенција за вработување.

Од нив 5340 невработени живеат во град, а 1495 живеат на село. Меѓу невработените доминираат жените и тоа претежно со завршено основно и средно образование.
Во земјава голем број невработени имаат Тетово над 10.000, Битола 7000, Прилеп има ист број како и Куманово, Охрид нешто повеќе од 4.000, а Крива Паланка, Кичево и Велес се со повеќе од 3000 невработени.