Скршена таблата со логото на ВМРО-ДПМНЕ
18.07.2013 11:47
| KumanovoNews
Непознати сторители со камен ја скршиле светлечката пластична табла со логото на ВМРО-ДПМНЕ поставена над влезот на партиските простории во центарот на Куманово.

Како што информираа од партијата вандалскиот чин се случил завчерашната ноќ, кога насилниците го каменувале штабот. Случајот е пријавен во полиција и се работи на откривање на сторителите.