Словенечка вечер во Мозаик волонтерски центар
02.02.2016 10:54
| KumanovoNews
Во Мозаик волонтерскиот центар вечерва во 20 часот ќе се одржи Словенечка вечер.

Двајца волонтери ќе ја презентираат кујната, јазикот, традицијата, културата на Словенија. Сите заинтересирани кои сакаат да научат нешто ново за оваа земја можат да дојдат.
Претходно во Мозаик беше организирана Француска вечер, се одбележуваа значајни датуми во светски рамки и слично.