×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Службите подготвени за зимско одржување на улиците и чистење на снегот во Куманово

    04.02.2023 10:08 | Оливера Пешевска

    Службите задолжени за зимско одржување на улиците и јавните површини во градот, тврдат дека целосно се подготвени за расчистување на снегот, доколку продолжи да паѓа и создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот и движењето на пешаците.

    Службите подготвени за зимско одржување на улиците и чистење на снегот во Куманово

    Расчистувањето на снегот ќе го врши приватната фирма „Кооп Инжинеринг“ и ЈП „Чистота и зеленило“, кои потпишале договори за сезоната 2022/2023 година.

    „Имаме обезбедено околу 85 тони сол и доволно количини на „ајс мелт“ средството. Целокупната механизација е подготвена и исправна и доколку се појави потреба веднаш ќе се активира и ќе почне да ги расчистува улиците“, изјави Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот за комунални работи, сообраќај и инфраструктура и заштита на животната средина и природата на Општина Куманово.

    Од буџетот на општината за ова намена се издвоени 14 милиони денари, од кои 8 за приватната фирма и 5 милиони за „Чистота и зеленило“.

    „Со договорот кој се уште е на сила, ние сме задолжени за чистење и одржување на тротоарите, плоштадите и другите јавно-прометни површини. За таа цел обезбедивме 200 тона сол, на тендерска постапка која чинеше 10 илјади евра. На залиха имаме и доволна количина на „ајс мелт“ за прскање на осојничавите места. И на метларките постои можност за вградување на т.н нож, кој многу помага во расчистување на замрзнатите површини- се на се потполно подготвени можеме да ги дочекаме евентуалните снежни врнежи“, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Од наредната година притпријатието ќе го преземе чистењето и на улиците, бидејќи Општината набави нова  механизација. 

    Според прогнозите на УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата кон утре.