Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, 70 проценти од раководството е сменето, а само 30 одсто е задржан стариот кадар.
Претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Стојановски, вели дека овие освежувања немаат никаква врска со акцијата “Бран“ која се спроведува ширум земјава.
Ова е нормална појава. Некои луѓе од оправдани причини, или здравствени проблеми не можат да продолжат да ја извршуваат функцијата и гледаме да има што повеќе млади и образовани кадри. Ни требаат луѓе кои имаат елан за работа. Оние кои долго се активни веќе и се презаситиле - вели Стојановски.
Според него, со какво темпо и на колку години ќе се менуваат месните раководства на партиите зависи од потребите и тоа никогаш не може да се предвиди.
Распуштањето на месните комитети уследи набргу по назначувањето на новото раководство во огранокот.