×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сметководителка фалсификувала потпис

    05.11.2014 11:59 | KumanovoNews

    Сметководителка од Куманово, неовластено изготвувала налози со фалсификуван потпис на управителот на фирмата, за која водела сметководствени услуги.

    Сметководителка фалсификувала потпис

    С.С.(52) сопственик и управител на  фирма од Куманово вршејќи сметководствени услуги за фирма од Куманово во период од 2008 до 2013 година неовластено изготвувала налози фалсификувајќи го потписот на управителот на фирмата за која водела сметководствени услуги. Налозите не ги предавала на управителот за да не може да има увид во уплатени и исплатени средства. Второпријавениот И.С.(59) од Куманово бил ангажиран од С.С. за да врши исплата и уплата на оштетеното правно лице за сметка на други правни лица. Двајцата на ваков начин го оштетиле правното лице за 124.066 денари.

    С.С. ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување или уништување на деловни книги, а И.С. за помагање.