Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Српската напредна партија денеска го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски дека ги малтретира и понижува членовите на нивната партија кои работат во јавните претпријатија, наместо да ги решава проблемите во градот.
Наместо да се занимавате со делење деградирачки решенија за работа на сите кои не гласале за вас и јавно да се заканувате со отказни решенија, би можеле да ја насочите таа енергија на вистински проблеми со кои се соочува општината на чие чело сте вие. На пример дали вработените во јавните претпријатија земаат редовно плата и зошто претпријатијата се доведени во огромни долгови? Зошто имате постојани блокади на општинската сметка? Како ви функционира Советот на Општина Куманово? Зошто застанавте со изградба на покриениот базен? Зошто се уништува возилото пасат на ЈП “Чистота и зеленило“? Каде ви се ветените водоводи и канализации? Што е со асфалтирањето на многубрјните улиците? - прашува Јелена Милошевиќ, член на СНП.
Од СНП велат дека партиските кадри на СДСМ поради недомаќинското работење ќе натрупаат уште долгови.
На прес-конференцијата присуствуваше и лидерот на СНС Драгиша Милетиќ, кој рече дека за притисокот кој се врши на членовите на СНП ќе ги известат Хелсиншкиот комитет, евроамбасадорот, странските амбасади и другите меѓународни политички субјекти во земјава.
Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфра обвинувањата и тврди дека досега не дал отказно решение на ниту еден вработен во локалната администрација иако се од друга партија.
Сакам да потенцирам дека за 8 години колку што сум јас градоначалник ниту еден вработен во општинската администрација кои членува во ВМРО - ДПМНЕ или од друга политичка партија не е избркан од работа. Исто така сакам да кажам дека човекот кој ја тера оваа акција постојано се служи со некои инсинуации во насока на докажување на некоја негова правда. Тој е вработен пред 4 години како коалициски партнер на работно место според адекватната стручна подготовка. За тоа е задолжен менаџерскиот тим во ЈП “Чистота и зеленило“ - кажа Дамјановски.
За капиталните инвестиции рече дека ќе се реализираат согласно приливот на средства.