Со 42.500 евра во чорапи сакал да излезе од државата
28.10.2013 13:58
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце викендов се запленети поголема количина на девизи, кои совозач во автомобил сакал да ги пренесе во чорапа.
При претрес на патничко моторно возило пријавено за излез од државата царинските службеници пронашле 42.500 евра. Кај совозачот сокриени под ногавиците, во чорапите, пронајдени се непријавени 42.500 евра за кои немал никаков документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, а привремено се задржани 40.500 евра.