×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со аеросолизација ќе се намалува загаденoста на воздухот во градот

    19.12.2024 15:44 | Оливера Пешевска

    Аеросолизација е една од мерките кои Општина Куманово ги презема за справување со високите концентрации на штетни честички во амбиенталниот воздух. 

    Со аеросолизација ќе се намалува загаденoста на воздухот во градот

    Надлежните објаснуваат дека прскањето ќе се врши со две возила во вечерните часови. Поради ниските температури нема да се врши миење на улиците, затоа што постои опасност од подмрзнување во утринските часови.

    По издаденото известување за надминат праг на информирање на јавноста за загаден воздух, од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) јавните служби преземаат и други активности и мерки.

    „Информиран е и инспекторатот за засилени контроли на индустријата, малите правни субјекти и градежништвото, со цел да се утврди почитувањето на прописите за заштита на животната средина и намалување на емисиите на прашина и други загадувачи. Во препораките на МЖСПП, меѓу другото стои и намалување на употреба на службени возила до 50 посто за единиците на локалната самоуправа, со цел намалување на сообраќајот и емисиите во него“, велат од Општина Куманово.

    Предвидени се и миење и чистење на атмосферските шахти за намалување на емисиите на загадувачки супстанци од ресуспензија, вонредни контроли и на оџаци и строга забрана за горење на отворено. Во акцијата би требало да се вклучи и полицијата во контрола за техничка исправност на возилата, особено на оние со дизел мотори, како и на нерегистрирани возила.  

    Известувањата за надминат праг на информирање или алармирање на јавноста се издаваат со важност од два дена.

    Прогнозите на УХМР од утре во вечерните часови предвидуваат продор на студена воздушна маса која ќе донесе врнежи од дожд, а на планинините и од снег. Во сабота се можни и пообилни врнежи, форемирање на снежна прекривка и на пониските места и засилен ветар од северен правец. Познавачите сметаат дека ќе се создадат услови за прочистување на воздухот во Куманово од штетни честички.