×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со багер се чисти речното корито на Кумановка

    26.11.2014 12:15 | KumanovoNews

    Со механизација се чисти коритото на река Кумановка, се отстранува сметот и се кастрат дрвјата.

    Со багер се чисти речното корито на Кумановка

    Акцијата ќе трае во наредните 15 дена за што општината ќе издвои 1.6 милиони денари, плус 600.000 денари ќе бидат потрошени за набавка на четири пумпи за исцрпување на вода, чамци, вреќи, песок, агрегат за електрична енергија  и други средства кои се потребни во случај на нови излевања.

    “Сметам дека ова е само превентивна мерка, бидејќи не го решаваме дефинитивно статусот на речното корито. Јас во неколку наврати на мое жалење констатирав дека во овој момент, ние не сме во можност да направиме било каков проект за регулирање на речното корито од аспект што Генералниот уранистички план предвидува речно корито кое е узурпирано, има огромен број на изградени објекти во последниве 20 години“ - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Регулација на коритото и конечно решавање на овој проблем може да се постигне, со новиот Генерален урбанистички план, кој допрва треба да се донесе.

    Во акцијата се вклучени и екипи од “Македонски шуми“ кои ги отстрануваат дрвјата од речното корито и истите ќе ги користат за свои потреби.