Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од ОУ “11 Октомври“ патрониот празник го славеа со богата културно - забавна програма со музички, балетски, драмски и рецитаторски точки.
Училиштето постои 48 години. Денеска училиштето, неговото срце пулсираше во ритам на успеси и гордост, заедно со публиката, вработените, наставниците, учениците, родителите, претставници од локалната самоуправа придонесоа овој наш значаен роденден да биде среќен - рече Мерилин Стојчевска, директор на ОУ“11 Октомври“.
На присутните им се обрати директорката Мерилин Стојчевска, и секретарот на општината , Валентина Алексовска која кажа дека основното образование го почнала токму во ова училиште. Таа им посака успех на учениците и успешна кариера на наставниците. Во училиштето напладне се оддржа свечена седница, а за гостите по завршување на програмата следеше коктел.