Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нелегален откупувач на печурки со вратата на камион ја потфатил раката на полицаецот кој го стопирал и го влечел 30 метри.
Инцидентот се случил завчера попладне, додека полицајци од полициската станица Пелинце вршеле контрола на возила што незаконски откупувале печурки во козјачките села. Кога полицајците го сопреле камионот со кој управувал Д.И.(33) од селото Длабочица, возачот сакал да избега и полицаецот во обид да го спречи левата рака си ја заглавил меѓу седиштата и вратата. Возачот не застанал туку го влечел полицаецот 30 метри додека не успејал да ја извлече раката. Од влечењето полицаецот се здобил со телесни повреди.
Возачот во 23.40 часот е пронајдени и приведен во полиција за понатамошна постапка.