×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со механизација ќе се чистат поплавените места

    11.10.2015 12:40 | KumanovoNews

    Со механизација ќе се чистат критичните точки каде имаше излевање на реките во Куманово.

    Со механизација ќе се чистат поплавените места

    Општинскиот штаб за заштита и спасување одржа состанок денеска, по што го задолжи градоначалникот да побара помош од Дирекција за заштита и спасување за справување со поплавите во дополнителни количини гориво и машини. Градоначалникот ќе ги ангажира јавните претпријатија “Водовод“ и “Чистота и зеленило“, како и ТППЕ Куманово во санирање на штетите, а по повлекување на водата комисија за проценка на штети ќе излезе на терен.

    “Два дена имавме обилни врнежи, над 50 литри дневно. Значи два дена постојано врне и најопасниот дел е што во наредните денови очекуваме уште пообилни дождови, што може да го загрози овој дел во градското подрачје, каде имаме интервенирано во изминатите неколку недели. Водата е на највисокото ниво таму. Се надеваме дека ако денеска нема врнежи ќе се повлече водата малку настрана и очекуваме подобра прогноза. Да се надеваме дека нема да имаме посериозни штети материјални и ќе успееме да се справиме со оваа криза“ - изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    Во село Лопате се излејала Матејачка река и поплавени се 6-7 куќи со помошни објекти. Во село  Режановце реката Липковка се излејала и каналот кај пругата, при што се зафатени 5 хектари земјиште. Липковка се излејала кај расадникот на Шумско стопанство, каде се поплавени 6 објекти на расадникот и 20 хектари земјиште. Во населба Бедиње реката Липковка сруши мост во должина од 7 метри и истиот се попречил во реката, со што се поплавени 6 куќи и 2 штали, плус 25 хектари земјиште.  Липковка е излејана кај стадионот Башкими, при што се зафатени триесетина куќи со помошни објекти. Во село Проевце е поплавена една куќа до мостот на река Кумановка, а во Доброшане Кумановка поплави 15 хектари земјоделско земјиште.