×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со почетокот на грејната сезона расте бројот на приклучоци на гасоводната мрежа

    16.10.2023 09:39 | Оливера Пешевска

    Расте бројот на новосклучени договори на ЈП Куманово гас со приватни корисници на почетокот на грејната сезона, за што е заслужна и намалената цена на природниот гас која изнесува од 58 денари за кубен метар.  

    Со почетокот на грејната сезона расте бројот на приклучоци на гасоводната мрежа

    Деновиве се финализирани договори со 17 згради и 3 приватни куќи, но ЈП Куманово гас е во преговори за приклучок и на зградите Бела 1,2,3,4,  на улицата АВНОЈ во населбата „Гоце Делчев“.

    Можност за приклучување на нови корисници и зголемување на нивниот број овозможува и по проширување на гасоводната мрежа и нејзина поголемата достапност до домаќинствата и јавни и деловни субјекти.

    „Досега имавме околу 100 приватни субјекти, корисници на услугата. Со новите договори очекуваме уште најмалку 90-тина, со што практично ја дуплираме бројката. Училиштето Наце Буѓони и интернатот моментално ја подготвуваат техничката документација за да се приклучат и тие на нашата мрежа“, вели Марко Митровски, директор на ЈП Куманово гас.

    Истовремено, актуелни се и мерките за субвенционирање на приклучок за природен гас кои ги обезбедува Општина Куманово и Владата на РС Македонија. Преку владината програма се предвидени до 25.000 денари за домаќинство и за нив може да се аплицира до 31 октомври, додека Општина Куманово обезбедува по 15.000 денари по единечен субјект и повикот трае во текот на целата година. Така, секој заинтересиран граѓанин може да добие субвенции во висина од 40 илјади денари.

    „Сега за само 9 илјади денари може да се доведе приклучок до секое домаќинство и многу тешко дека повторно ќе има вакви можности за граѓаните. А жителите немаат никакви обврски кон претпријатието или државата, додека не инсталираат внатрешна мрежа за загревање или за други потреби,  не добиваат фактури. Значи се плаќа онолку колку што ќе потрошат. Со моменталната цена на природен гас конкурентни сме во однос на нафтата и нејзините деривати, со електричната енергија сме тука некаде-поевтини сме во евитната тарифа, но поскапи во дневната“, објаснува директорот Митровски.

    Неодамна заврши проширувањето на гасоводната мрежа, во должина од 1,3 км, на улиците Перо Шварц, Перо Чичо, Народна Револуција и Тонко Димов. За следната година е предвидена гасификација на улицата АВНОЈ по целата должина и дел од  улицата Видое Смилевски Бато во населбата Зелен Рид.

    ЈП Куманово гас е целосно подготвено за дистрибуција на потребната количина во секој момент од почетокот на грејната сезона.